Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и услуги БРАКО ДОО увоз извоз Велес за инсталација за обработка на ферометали со нанесување на заштитни слоеви од растопен метал-цинк, со влез од 1t/h жица за поцинкување, лоцирана на ул. “Раштански пат” бр. 2 во Велес.
Седиште на операторот:
Ул. Раштански пат бр. 2, Велес
Локација на инсталацијата:
Ул. Раштански пат бр. 2, Велес
Контакт лице:
Љупчо Прентовски-одоговрно лице за заштита на животната средина,
Категорија на инсталација:
- Производство и преработка на метали
2.1. Инсталација за обработка на ферометалите
(а) нанесување на заштитни слоеви од растопен метал со влез 0.5 t/h до 2 t/h суров феро метал
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски