На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцвски најави дека ќе поднесе иницијатива за отпочнување на постапка за формирање на нов правен субјект, односно општинско основно училиште во селото Бузалково.

„По претходно добиени иницијативи, извршени консултации и по изготвување на соодветна анализа одличив на Советот на Општина Велес да му поднесам иницијатива за отпочнување постапка за основање на Општинско Основно Училиште во селото Бузалково, како посебен правен субјект, бидејќи ги исполнува условите за тоа, а кои се предвидени со закон” изјави градоначалникот Коцевски.

Во подрачното основно училиште во Бузалково кое има 17 паралелки, учат вкупно 371 ученик, во подрачното основно училиште во Сливник има пет паралелки и вкупно 90 ученици, а во подрачното основно училиште во Клуковец учат 51 ученик во пет паралелки. Со оваа иницијатива, овие подрачни училишта ќе можат да се издвојат од централното основно училиште „Васил Главинов” и да формираат посебен правен субјект.

Коцевски изрази надеж дека целата постапка ќе се одвива без никакви проблеми за новиот правен субјект подготвено да започне со работа во новата 2020/2021 учебна година.