Како што информираше градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција, работата на јавните установи се одвива непречено и со добра динамика.

Според информациите од Здравствениот дом, вакцинацијата на идните првачиња се одвива според планот, прегледани и вакцинирани се 80 идни првачиња, а според динамиката предвидено е до 1 септември сите 750 првачиња да бидат навремено прегледани и вакцинирани.

МВР – СВР Велес врши редовна контрола на 48 лица кои се наоѓаат во самоизолација.

Во моментов има три униформирани полицајци позитивни на Ковид-19, двајца се згрижени во болнца, а еден е на домашно лекување.

„Помеѓу двете седници на Штабот издадени се вкупно 155 прекршочни платни налози за неносење на заштитни маски. Од Општинската Организација на Црвениот крст во Велес добив информација дека се почитува донесената одлука за прекин на делењето хуманитарни пакети, а најавени се 85 пакети од УНИЦЕФ, кои ќе бидат поделени по завршувањето на изборите”, истакна Коцевски.

Од Државниот санитарен и пазарен инспекторат утврдено е дека истите ги почитуваат мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19, додаде Коцевски.