Во ЈЗУ Општа Болница, Велес има 13 хоспитализирани лица (осум од Велес и пет од Свети Николе), од нив 12 позитивни и 1 негативен, 10 се со лесна клиничка слика, а 3 се на кислородна поддршка.

Сите вработени во ООУ „Васил Главинов” кои имале контакт со наставничката која е позитивна на Ковид-19 се изолирани и на 2 септември ќе се вратат на работа.

„Од СВР Велес не известија дека вршат контрола на 35 лица кои имаат Решение за домашна изолација и не е забележано непочитување на правилата и прописите и нема казни по тој основ. Во периодот од 14 август до 27 август, МВР на територијата на Велес, издала 181 прекршочен налог за неносење на заштитна маска. Еден полициски службеник е во самоизолација поради контакт со заразено лице од неговото семејство”, рече Коцевски.

Угостителите од Велес релативно добро се придржуваат до мерките и нема изречено казни по тој основ.

Информациите од Територијалната  противпожарна единица од Велес, велат дека едно лице се наоѓа во самоизолација поради контакт со член од семејството кој бил позитивен на Ковид-19.

Во АРМ нема регистрирани позитивни случаи или лица во самоизолација.

Во врска со исчезнатото лице од несреќата што се случи во село Белештевица, градоначалникот Коцевски извести дека екипите на МВР – СВР, Велес времено ја прекинуваат потрагата по исчезнатото лице, затоа што водостојот на реката Вардар е висок. Досегашните обиди биле неуспешни, иако во минатите денови биле ангажирани и специјалци со дресирани кучиња за пронаоѓање на лица кои се покриени со чакал, земја и друг материјал.

Општинската организација на Црвен крст, Велес, во периодот меѓу двете седници на ОШЗС, поделила 22 пакети со прехрамбени и хигиенски производи од семејството Етоски кои се по потекло од с. Мелница., а денес ќе бидат поделени уште осум.

Од Центарот за социјални работи е доставен списокот на социјално најзагрозените семејства и, какошто извести градоначалникот, од понеделник ќе се поделат осумдесетте донирани пакети со прехранбени и средства за лична хигиена од општествено одговорната компанија КАМ ДОО Скопје.

Градските пазари во Велес функционираат според прошишаните мерки и протоколи.