„Големата депонија од габаритен отпад и шут, која е регистрирана на почетокот на реката Тополка ќе биде исчистена по завршувањето на градежните активности на локалитетот „Цуцка”’, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој појасни дека расчистувањето на дивата депонија е оневозможено поради временото затворање на патниот правец кој води до локацијата и потребната механизација не може да помине.