37 кајакари од земјава и соседна Србија денес учествуваа на отворениот Кајак слалом натпревар „Велес Опен 2019“ кој по тринаесетти пат се организира во Велес. Со резултат од 96,03 секунди Ангелче Петрушевски беше најбрзиот кајакар на денешниот натпревар.

Офиијални резултати по категории :

Во дисциплината К-1/пионери, првото место го освои Стефан Рибарски ККК „Вардар“ Велес, втор патеката ја заврши Петар Радојковиќ ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија, додека третото место го освои Арун Небиовски ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина К-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски ККК „Вардар“ Велес, второпласиран Мартин Мазнев ККК „Вардар“ Велес, третото место го освои Коце Игнатов КК „Бабуна“ Велес.

Во дисциплина К-1/сениори, прв патеката ја помина Христијан Игнатов КК „Бабуна“ Велес, второто место го освои Марко Кесиќ ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија, додека третото место му припадна на Виктор Миланов ККК „Илинден 90“ од Скопје.

Во дисциплина Ц-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски ККК „Вардар“ Велес, втор патеката ја помина Лазар Цветковиќ ККК „Гусар“ Ниш Р. Србија, додека третото место го освои Мартин Мазнев ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина Ц-1/сениори, првото место го освои Марко Кесиќ од КК „Гусар“ Ниш, втор беше Виктор Миланов КК „Илинден 90“ Скопје, додека трет патеката ја помина Вукота Радовановиќ ККК „Гусар“ Ниш Р. Србија.
Натпреварот во кајак е во организација на Кајак Кану Клуб „Вардар“ Велес со поддршка на Општина Велес.