По повод смртта на членот на Советот на Општина Велес Аљуш Ахмед од Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска во просториите на Општина Велес (Голема сала) се одржа комеморативна седница.

За животот и професијата на Ахмед, пред членовите на смејството и членовите на Советот на Општина Велес говореше Претседателот на Советот Ќирил Гајдов.

Воедно беше отворена и книга на жалост во која своето сочувство го изразија роднини, пријатели, колеги, сопартијци.