Ротари Клуб Велес во соработка со Општина Велес, распишува

 

КОНКУРС
За ликовна творба на тема „Превенција од Ковид 19“

         Почитувани ученици, борбата против инфекцијата Ковид 19, нека ви биде инспирација, преку вашите ликовни творби, да дадете сопствен придонес во борбата против ова модерно зло. Носете маска, држете растојание и мијте ги рацете – нека ви бидат мотив што покреативно да ги прикажете вашите размислувања на оваа тема. Со тоа ќе помогнете во подигнување на свеста кај младите за важноста на тоа значи зачувување на здравјето во услови на Пандемија.

Пропозиции:

  1. Еден ученик – автор, може да учествува на конкурсот најмногу со 3 творби
  2. Техниката на изработка на ликовните творби е слободна
  3. Големината на творбите треба да биде во димензија на блок бр.3,4 или 5
  4. Секој ученик треба да ги напише својте податоци на задната страна од творбата (Име и презиме, одделение и училиште)
  5. Ротари Клуб ги обезбедува следните награди
  • I награда во износ од 4000,00 денари и диплома
  • II награда во износ од 3000,00 денари и диплома
  • III награда во износ од 2000,00 денари и диплома
  • Жири комисијата ќе додели и дополнителни на награди во облик на благодарници за учество и пофалници за успешни ликовни творби
  1. Творбите треба да се достават во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Велес, на улица „Архиепископ Михаил“ бр. 156 Велес, најдоцна до 31. 01. 2021 година

Наградите на учениците – автори ќе бидат доделени на изложба, која ќе биде организирана на место соодветно на моменталните услови во текот на месец март 2021 година.


КОНКУРС