Деновиве привршува поствавувањето на два летниковци на потенцијалните излтнички места на Велешани – рид Вршник и рид св.Илија. Со ова љубителите на природата и планинарењето ќе имаат повеќе избор за рекреација во слободно време .

Во близина на летниковците ќе бидат поставени и по 4 столбови  со фотоволтаични светилки на сончева енергија со што овие места ќе бидат осветлени и граѓаните ќе можат да ги посетуваат и во вечерните часови.  Дополнително, десет столбови за осветлување ќе бидат поставени и во општина Градско, на излетничкото место Подлес. Ист летниковец беше поставен и во општина Чашка, со што завршуваат проектот на Локалната Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР која спроведува проектни активности на територија на овие три Општини.

Активностите се реализираат од Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР во партнерство со Општините Велес, Општина Чашка и Општина Градско, а е поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 година, мерка 412 и мерка 413 за 2019 година од АФПЗРР, Министерството за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство.