Во рамки на втората програмска вечер од Велешкото културното лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, вечерва во амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа концертот „Македонски ноти” со староградски и новокомпонирани песни на кој настапија музичките групи „Соната” и „Виртус”.
Поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19 концертот се одржа на отворено, а велешката публика ги почитуваше и соодветно на тоа се однесуваше според пропишаните протоколи и мерки за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот (амфитеатарот е одбележан со места за седење, бројот на посетители е ограничен, на влезот на сите посетители им се мери температура, се дезинфицираа рацете и се почитуваше задолжителното носење маски на лицето).


Утревечер пак, во чест на 2 Август, националниот празник Илинден, Денот на Републиката, со почеток во 20:00 часот, на сцената на амфитеатарот ќе се прикаже филмот „Републиката во пламен”.
Велешкото културното лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” започна на 29 јули со јубилејниот концерт на балетското студио „Анабела”, а ќе трае до 30 август 2020 година со едукативната театарска претстава за деца „Пред зграда”.

Програмата на Велешко културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк