Користењето на јавниот превоз, рационалното користење на автомобилите, истовремено превезеување на повеќе лица со едно возило, правилното користење на печките за дрва и затоплувањето на домовите, беа дел од препораките за подобрување на состојбата со квалитето на воздухот, кои градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција ги соопшти и апелираше до жителите на Општина Велес да се придржуваат до нив.

„Доколку има надминување на прагот на алармирање во текот на два последователни денови над 175 μg/m3 ќе бидат преземени дополнителни вонредни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, за што јавноста ќе биде навреме информирана” потенцираше Коцевски.

Меѓудругото, градоначалникот Коцевски ги акцентираше и веќе преземените активности и мерки кои Општина Велес ги реализираше во текот на 2019 година, како и ги најави тековните за 2020, кои ќе придонесат за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот.

Во текот на вчерашниот ден, на својата интернет страница и социјалните мрежи, Општина Велес објави „Соопштение за јавност” каде се наведени препораки за граѓаните во врска со квалитетот на амбиентниот воздух во градот.


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ