Општина Велес ги известува граѓаните дека од денес 18.12.2019г. мониторинг станицата Велес 2 лоцирана во населба Тунел, а која е дел од Државниот мониторинг систем започна да ги мери PM10 честичките во амбиентниот воздух.

Инструментот за мерење на суспендирани честички за PM10 беше во дефект од 11.07.2018г. до денес.

По бројните реакции на јавноста и официјалните дописи од страна на Градоначалникот на Општина Велес, Министерството за животна средина и просторно планирање набави и постави нов инструмент кој мери во реално време во континуитет.

Инструмент е монтирн и по три дена пробна работа денес започна да го мери загадувањето, односно квалитетот на амбинениот воздух комплетиран за сите параметри.

За сите кои сакаат да имаат увид во квалитетот на воздухот, посетете ја веб страницата.