Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше во предновогодишна посета на дечињата кои се на лекување во ЈЗУ Општа болница – Велес.

На децата кои се згрижени на детското одделение им подари новогодишни пакетчиња и им ги честиташе новогодишните и божиќните празници.

Раководителите и вработените во ЈЗУ Општа болница – Велес, го запознаа градоначалникот со моменталната бројка на пациенти и со генералната состојба на болницата.