Традиционални божиќни песни, на повеќе светски јазици, беа дел од репертоарот на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј” кој вечерва настапи на новогодишно-божиќниот концерт што го организираше Општина Велес.

Пред велешката публика, во просториите на Општина Велес, свој перформанс на овој веќе традиционален настан имаше и балетското студио „Анабела”.

Впечатливите настапи на реномираните и во европски рамки признати учесници на овогодинешниот концерт, покрај градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ги проследија и претставници на Советот на Општина Велес, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Повардарска Епархија, јавните институции, на невладиниот и бизнис секторот од градот и други.