„На предлог на Владата, Собранието на РСМ донесе Закон за задолжување со заем кај Кредитната банка за обнова КФВ, по договор за заем за финансирање на Програмата за наводнување од која од вкупниот износ 26.000.000 евра се наменети за хидросистемот „Лисиче’”, истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите.

Средствата ќе бидат наменети за изградба на нов паралелен цефковод  во должина од околу 17км, кој ќе овозможи наводнување на околу 4 000 хектари земјоделски површини, за изградба на три мали хидроцентрали, како и за изградба на секундарна мрежа во должина од околу 192 км на која ќе се инсталираат околу 1 400 хидранти за наводнување.

Инвестицијата во хидросистемот „Лисиче” е со големо значење, а бенефит овој проект ќе имаат жителите на Општина Велес и Општина Чашка.