На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за преземените активности на образовните институции од Велес во врска со почетокот на учебната 2020/2021 година.

Активностите поврзани со националната платформа за учење од далечина, која ја планира, организира и спроведува Министерството за образование и наука и која е составена од три фази, се одвиваат во целост согласно планираната динамика. Училиштата се целосно подготвени за обезбедување на безбедна здравствена средина, сите основни училишта имаат повеќе влезови, имаат поставени ознаки за движење, обезбедени се дезинфекциски средства, безконтактни топломери.

„Сите основни и средни општински училишта испратија Барања за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство до Министерството за образование и наука, односно до Комисијата за разгледување на поднесените барања за организирање на наставата со физичко присуство во предвидениот рок”, информирашеГрадоначалникот.

Додека пак, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” од 9 септември 20 година, започна со воспитно-згрижувачката дејност. Сите активности се одвиваат според предвидената динамика и без потешкотии. Институцијата својата работа ја организира врз основа на „Оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба” донесена од страна на Владата.

За сите структури на вработени, изготвени се протоколи според кои се одвива работењето и се преземаат активностите поврзани со одржување, чистење и дезинфекција на  објектите, прифаќање, згрижување и воспитување на децата, подгововката на храна за децата и приемот и испраќањето од градинката, додаде Коцевски.