По повод 20 годишнината од смртта на Оливер Китановски, претставници на Општина Велес  денеска го посетија спомен обележјето на младиот бранител во Башино Село и положија свежо цвеќе.

Оливер Китановски беше припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Тој беше ранет во конфликтот кај Арачиново во 2001 година, и по неколку денови им подлегна на прострелните рани. Постхумно е одликуван со Медал за храброст што се доделува за искажана храброст во воено-безбедносни операции и ситуации.

Во негова чест, две улици во Општина Велес го носат неговото име.