Делегација од општинската администрација, како и пријатели и колеги на младиот бранител, припадник на единицата за специјални задачи „Тигар”, Оливер Китановски, денес во Башино Село на спомен-обележјето и на вечното почивалиште му оддадоа почит и положија свежо цвеќе.

Со тоа беа одбележани деветнаесет години од смртта на Китановски, кој постхумно е одликуван со Медал за храброст што се доделува за искажана храброст во воено-безбедносни операции и ситуации.

Во негова чест, две улици во Општина Велес го носат неговото име.