Со положување цвеќе на Спомен-костурницата, споменикот на велешките Илинденци и пред споменикот на великанот Панко Брашнаров, денес се одбележа националниот празник Илинден, Денот на Републиката.

По повод 117 години од почетокот на Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна им оддадоа делегации и претставници од Општина Велес, Советот на Општина Велес, семејството на Панко Брашнаров, на јавните институции од градот и политичките партии.