Волонтерите од Општинската Организација на Црвениот крст од Велес заедно со корисниците на услугите на Дневниот центар за деца и лица со ментална и телесна попреченост, преку дружба и забава, денес го одбележаа 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености.

Дружењето се одржа како дел од активностите кои се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби”, во кругот на најблиските, младите волонтери на Црвениот крст и претставниците на Општина Велес.