Годинава во посебни услови, согласно протоколот за одбележување државни празници на комисијата за заштита од заразни болести, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи, обезбедена дистанца и соодветна заштита беше одбележана 29-годишнината од македонската независност.

За историското значење на 8 Септември, пред присутните претставници на Општина Велес, Сојузот на борците, јавните институции, образовните институции, АРМ и на политичките партии од градот, пред зградата на Општина Велес говореше Марин Клифов, в. д. директор на ЛУ Народен музеј – Велес.

Рецитали по повод националниот празник читаа ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, а на виолина настапи проф. Елена Ѓоргиевска.