Врз основа на член 21а став 4 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на РМ“ бр. 6/12, 144,14, 33/15, 104/15 и 215/15 и „Службен весник на РСМ“ бр.153/19 и 261/19), член член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Р.М.” бр.5/02), по предлог на Градоначалникот
Советот на Општина Велес на седницата одржана на 04.03.2020 донесе
О Д Л У К А
за избор на најповолна понуда
по Оглас за доделување на договор за воспоставување на
јавно приватно партнерство за реконструкција – ревитализација, оперирање,
управување и одржување на офицерски дом во Велес
Член 1
За најповолна понуда, согласно извештајот од спроведената постапка со Оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство кое се остварува како концесија за јавна работа или како концесија за јавна услуга бр.001/2019, се избира понудата на понудувачот:
•Друштво за производство, трговија и услуги НЕКСУС КОМПАНИ ДООЕЛ Велес
постигната со завршување на електронската аукција одржана на ден 19.02.2020 година во износ од 5.440.000,00 денари без ДДВ.
Член 2
Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, ќе се потпише по изминување на рокот за жалба против Одлуката со која се одлучува за поединечно право во отворена постапка.
(Незадоволниот понудувач може да достави жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки и до договорниот орган, во рок од 10 дена од приемот на одлуката за избор на најповолна понуда, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда).
Солемнизацијата на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство ќе се изврши по прогласувањето за завршени предвремените парламентарни избори 2020 година од страна на Државната изборна комисија.
Член 3
Се задолжуваат стручните служби на Општина Велес да ја спроведат оваа Одлука.
Член 4
Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на донесувањето и истата ќе се објави во „Службен гласник“ на Општина Велес“.