„Советот на Општина Велес, по мој предлог донесе одлука за субвенционирање на купен велосипед од страна на физички лица во вредност до 3.000,00 денари, за што се обезбедени вкупно 500.000,00 денари, како и за субвенционирање на купен сончев термаленен колектор во висина до 20.000,00 денари, за кој исто така се обезбедени 500.000,00 денари од општинскиот буџет”, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски.

Преку соопштенија на локалните медиуми, објави на официјалната интернет страница и Facebook профил на Општина Велес, граѓаните ќе бидат информирани во врска со деталите при поднесувањето на потребните документи за аплицирање за овие субвенции.

По завршување на сите постапки и процедури, на 27 мај 2020 година (среда), ќе започне периодот на пријавување на заинтересираните физички лица, а постапката за избор ќе се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен