Со започнувањето на грејната сезона се зголеми и загадувањето на воздухот во градот. Во изминатиот месец, мерната станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел, измерила изразено високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот во дури 23 денови. Од одделението за заштита на животна средина при Општина Велес, велат дека доминатно е загадувањео од домаќинствата, па сообраќајот но и од индустриските капацитети и останати загадувачи.

Во текот на годинава што изминува , во 88 денови имало надминување на среднодневната концентрација на суспендирани честички што е за 53 денови повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година. Од друга страна пак, ниту еднаш не  бил надминат прагот на алармирање, а тоа се случува кога во два последователни денови се измерени среднодневни концентрации на ПМ 10 честички поголеми од 200 микрограми на метар кубен. Годинава само четири пати бил надминат прагот на информирање кога биле измерени ПМ 10 честички повисоки од 100 микрограми на метар кубен.

Општина Велес континуирано упатува апел и препораки до граѓаните, рано наутро и доцна навечер да избегнуваат излегување надвор, да ги одложат сите активности на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи јавен превоз, повеќе лица да не се возат со едно возило во исто време.