На денешниот состанок со претставниците на поголемите маркети во градот градоначалникот Аце Ковески ја презентираше идејата со која Општина Велес има намера да реализира акција за собирање на прехранбени производи и средства за хигиена. Граѓанките и граѓаните коишто ќе купуваат во маркетите да донираат кој колку може, во храна и хигиенски средства и да ги остават во корпите или местата означени за донација. Откако ќе заврши акцијата да се соберат производите и во соработка со Општинската Организација на Црвен Крст да се спакуваат во кутии и да им се доделат на социјално ранливите категории на граѓани.

Градоначалникот Коцевски ги повика и сопствениците на маркетите да бидат дел од хуманитарната акција и покрај тоа што ќе дозволат да се постави пункт за собирање на донирани производи во продавниците и тие да донираат и да помогнат на сиромашните семејства.

Сопствениците на маркетите, го прифатија предлогот на Градоначалникот и се согласија да бидат дел од хуманитарната акција.

Хуманитарната акција ќе се организира по повод 9 Ноември, празникот на градот.