Шеесет илјади медицински маски за Општина Велес, донираше Муслија Мустајбашиќ од село Горно Оризари, кој живее и работи во Будимпешта. Кутиите со маски денеска и беа предадени на Општина Велес, а најголем дел од нив ќе бидат наменети за потребите на ЈЗУ Општа болница Велес.

„Сакам да изразам голема благодарност до Вас како семејство за овој несебичен и хуман гест. Се надевам дека и други индивидуалци и компании ќе го следат Вашиот пример,ќе бидат општествено одговорни и ќе помагаат во услови на пандемија“, рече Градоначалникот Коцевски.

Семејството Мустајбашиќ не престанува со донации тука. Медицински маски донираше и во Општина Градско и во Оризари. Со заштитни медицински маски, досега, ја обезбеди Детската клиника „Козле“ во Скопје.