Со својата транспарентност и отчетност во работењето на Советот на Општина Велес, како и директниот пренос на седниците на социјалните мрежи, но и навременото објавување на информациите на интернет страницата, Општина Велес беше посочена како позитивен пример која се вбројува во редот на одговорни и достапни општини за жителите на Општина Велес.

Овие примери беа претставени на денешната средба која се одржа во просториите на Општина Велес каде се презентираше  проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата”, кој го реализира  Центарот за граѓанска иницијатива  – Прилеп (ЦГИ), а е поддржан од ifa/Zivik Федералната канцеларија на Сојузна Република Германија. Целта на средбата, на која присуствуваа г-ѓа Катрин Фрухенсфелд, Прв Секретар на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, советници од Советот на Општина Велес, претставници на општинската администрација, на здруженијата на граѓани и претставници на медиумите е развивање дискусија за предизвици со кои се среќаваат советниците во соработката со медиумите и информирањето на јавноста.

На средбата се разговараше и за улогата на советниците во пренесувањето информации до граѓаните, но и за улогата на медиумите во пренесеувањето информациите.