„За разлика од моите претходници, јас одлучив да работам законски и да ја ослободам Општина Велес од наследените долгови” потенцираше градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција. 

Истовремено, Коцевски истакна дека „ОК на ВМРО ДПМНЕ поради желбата по секоја цена да се дојде до политички поени кај симпатизерите и поддржувачите, преку ширење на дезинформации и манипулации, за време на минатонеделните прес конференции ме напаѓаат мене во својство на градоначалник. Бидејќи на една од тие прес конференции е помината црвената линија, најавувам дека по консултација со правниот застапник на Општина Велес ќе поведам судска постапка за навреда и клевета, доколку не добијам јавно извинување од организаторот на прес конференцијата”. Градоначалникот Коцевски, за споредба се осврна на делот од квалификациите искажани на гореспоменатите прес конференции и зборуваше за долговите на општината кои ги има направено предтходното раководство на локалната самоуправа, состојбата во која е оставено ЈКП Дервен и изрази загриженост за сегашнотото критикување на сметка на општината, како и констатација дека во минатиот период проблемите на граѓаните не биле решавани и истите се таложеле.