Општина Велес е треторангирана на конкурсот за „НајЕко општина” за 2019 година на „Пакомак” и Шпаркасе банка, додека пак Општините Берово и Кавадарци се прво и второрангирани.
Овие три општини покажале најдобри резултати во трите категории врз основа на кои жири комисијата го вреднувала еколошкиот придонес на секоја од општините, според строгите критериуми: по бројот и квалитетот на еко-проектите реализирани во текот на минатата година, според одвоениот буџет за екологија по жител и зеленило, како и за соодветното менаџирање на вкупниот генериран отпад на ниво на општина.
За сите три општини „Пакомак” и Шпаркасе банка обезбедуваат пригодни награди, кои се во корист на заедницата, но истовремено и го поттикнуваат активното учество во борбата за почиста животна средина. Наградите во вид на донација ќе бидат доделени во текот на месец октомври, а Општина Велес добива една инфо табла (димензии: 2м x 2м, 4м x 0.12м) и 62 садници, обезбедени од Пакомак ДОО Скопје, во соработка со Балкан Еко Институт, со вкупна вредност од 38.683, 00 денари без вклучен ДДВ.