Како поттик за волонтерите од сите генерации кои во изминатиот период учествуваа во еколошките акции во градот, денеска Општина Велес им изрази јавна благодарност. Во просториите на Општина Велес, претставници на одделението на животна средина им доделија благодарници на учесниците во активностите на проектот „Зелена сончева:Генералка викенд“. Во рамките на проектот се одржаа акции за чистење на дворните површини на сите училишта и градинката, островчето на река Вардар и крајбрежниот зелен појас на река Бабуна. На секои десет килограми собран отпад се засадија од 25.000 до 30.000 нови садници покрај езерото Младост.
Во еколошките акции учествуваа децата од Детската градинка, учениците од основните и средните училишта, јавниот сектор и граѓанските организации.
Овој проект се спроведе на подрачјето на општината во орагнизација на компанијата „Мен енд маунтен“ поддржани од Општина Велес, ЈКП Дервен, министерствата за животна средина, одбрана, земјоделство како и ЈП Национални шуми и Пивара Скопје.