Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02), Општина Велес на ден 10.12.2019 година, објавува

ПОВИК
за доставување на понуди за откуп на опожарена дрвна маса
во Општина Велес

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1.Предмет на јавниот повик е доставување на понуда за откуп на опожарена дрвна маса од опожарено подрачје Езеро Младост.
1.2.Повикот се однесува на сите заинтересирани правни лица кои ќе извршат откуп и транспорт на опожарена дрвна маса која потекнува од расчистување на опожарен материјал на КП 126/6, КО Башино село вон градежен реон до сопствен објект.
1.3.Правното лице кое ќе се јави на повикот е потребно да поседува објект во кој се врши дејноста преработка на дрво со пилење, рамнење или машинска обработка на дрво, или да поседува опрема за согорување на опожарениот материјал во која е инсталиран систем за отпрашување на гасови.
1.4.Понудувачот превзема обврска:
-Да достави понуда во која ќе биде вкалкулирана цена за откуп на опожарениот материјал со данок на додадена вредност;
-Да достави изјава со која потврдува дека материјалот ќе биде искористен на начин утврден во точка 1.3.

2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

2.1.Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани правни лица со поднесување на Понуда која е потребно да содржи содржи:
•Назив на правното лице;
•Адреса на правното лице;
•Дејност на правното лице;
•Понудена цена;
•Дополнителни информацици кои за кои што правното лице смета дека се битни за постапката.

3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПOНУДАТА

Понудата се доставува во архивата во Општина Велес во затворен плик со назнака „За јавен повик за откуп на опожарена маса“ или на: opve@veles.gov.mk, во рок од 5 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.