Во тек е отворениот повик за номинации за Наградата за младинско учество, која се доделува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Наградата за младинско учество се доделува на успешни млади (на возраст 18-29), неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и младински организации кои имаат предизвикано позитивни општествени промени преку акции кои адресираат проблеми од јавен интерес во Република Северна Македонија. Наградата се однесува на акции кои биле преземени периодот јануари 2019 – јуни 2020.

Целосниот повик за номинации може да го најдете на следниот линк

Повикот за номинации е отворен до 20 јули, 16:00.
Лице за контакт: Филип Кулаков – filip.kulakov@nms.org.mk