ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ВТОР ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP2)
MSIP2-NCB-038-21
- Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
- Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Вториот Проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Изградба на Градски пазар во Велес – ФАЗА 1 во населено место Велес
- Општина Велес ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на Градски пазар во Велес – ФАЗА 1
- Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
- Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 07:30 до 15:30:
Адреса: Панко Брашнар бр.1
Град: Велес
Поштенски број: 1400
Држава:Р.Македонија
Телефон: 043/232-406
Факс: 043/232-966
Електронска адреса: opve@veles.gov.mk
- Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 2.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец на следнава сметка:
Трезорска сметка 100000000063095
Банка депонент Народна банка на Република Македонија
Сметка на буџетски корисник 711014100963010
Приходно конто 725939
Програма 00
- Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Велес.
- Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 25.06.2021, 12:00ч. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:15ч, 25.06.2021.
- Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 1.500.000,00 МКД.
- Адреса: „Панко Брашнар“ бр 1
Град: Велес
Поштенски број: 1400
Архива
Држава: Република Северна Македонија