По повод започнувањето на учебната 2020/2021 година, денес во просториите на Општина Велес, Градоначалникот Коцевски одржа работен состанок со директорите на образовните институции на територијата на Општина Велес.
На состанокот се разговараше за подготовката на новата учебна 2020/2021 година, за протоколите и тимовите кои работат на организација и реализација на наставата за учебната 2020/2021 година и начинот на изведување на истата.
Се разговараше за сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат училиштата во со актуелната ситуација со КОВИД-19.
Директорите известија дека училиштата се генерално подготвени за реотварање, наставниците се обучуваат за онлајн настава, одбрани се образовни платформи преку кои тие ќе работат со учениците, се преземаат најстроги мерки со кои најдобро ќе се заштити здравјето на учениците, но секако и на вработените во основните и средните училишта.
На состанокот се донесоа предлог заклучоци кои како мислења ќе се достават до Министерството за образование и наука кое понатаму треба да се произнесе за идни чекори кои пред сè ќе значат заштита на учениците и наставниците, а сепак да се запази квалитетот на наставата.