Подрачното основно училиште на ООУ „Васил Главинов“ во село Бузалково, во иднина ќе работи како посебен правен субјект. Во тек е постапката за регистрирање на Општинското основно училиште „Лирија“ со подрачни училишта во Сливник и Клуковец.

По извршената проверка за исполнување на условите Комисијата при Министерството за образование и наука издаде Решение за верификација на  ООУ „Лирија“ во Бузалково.

Во училиштето во Бузалково учат 407 ученици во 17 паралелки од прво до деветто одделение, во училиштето во Сливник се запишани 81 ученик во 5 паралелки од прво до петто одделение и во Клуковец настава следат вкупно 44 ученици во 4 паралелки од прво до петто одделение.