По повод годишнината од смртта на еден од најголемите македонски поети, Анте Поповски, кој почина на 1 октомври 2003 година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, вчера организираше поетско чествување во чест на Анте Поповски.

На чествувањето учествуваа поети од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, кои преку ингениозните стихови на големиот Анте Поповски му одадоа должна почит на човекот кој со своето дело многу ја задолжи современата македонска книжевност. Директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Игор Крајчев потсети на некои од најважните животни факти за Анте Поповски, како и на неговите дела и признанија, а се осврна и на она што останатите современици на Анте Поповски напишале за поетот, а своето излагање го заокружи со неговата антологиска песна „Македонија“.

На настанот учествуваа голем број поети до Велес, како и блиски пријатели на Анте Поповски, луѓе кои го познавале и кои го почитуваат неговиот збор и мудрост.