Прекрасна опуштена летна атмосфера на езерото Младост за големиот број на љубители на пливањето.Триесетина аматери и четириесет професионални пливачи денес учествувааа на Шестиот Велешки пливачки маратон, кој годинава со учеството на пливачи од повеќе држави добива и меѓународен карактер.
,,Минатата година дадовме ветување дека маратонот ќе стане меѓународен и тоа ветување го исполнивме. Им благодарам на сите кои го помогнаа маратонот”, истакна градоначалникот Аце Коцевски на церемонијата на отварањето.


На настанот беа присутни претседателот на Црвениот Крст, Ромел Велев, претседателот на Македонскиот олимписки комитет д-р Васил Тупурковски, Антон Налбантон, директор на Водно-спасителната служба на Бугарија, како и живата легенда на македонското маратонско пливање Томи Стефановски.
Меѓу натпреварувачите е и Евгениј Поп Ацев, актуелен светски првак во ултрамаратонско пливање.

Маратонскиот ден во Велес заврши со доделување на наградите за науспешните пливачи.Евгениј Поп Ацев, актуелниот светски првак беше најуспешен во категоријата 10 000 метри за мажи.

Резултати по категории:

 2500 метри мажи – аматери
Прво место: Дарко Поп Ацев
Второ место: Јордан Иванов
Трето место: Толга Демирџан

2500 метри мажи
Прво место: Борјан Давковски
Второ место: Давид Јорданов
Трето место: Сидрит Деску

2500 метри жени
Прво место: Калина Стојановска
Второ место: Рита Зекири
Трето место: Антонија Андоновски

5000 метри мажи
Прво место: Андре Стојановски
Второ место: Божидар Мирчевски
Трето место: Давид Краљевски

5000 метри жени
Прво место: Јана Костадиновска
Второ место: Калина Стојчевска
Трето место: Лина Јордановска

10000 метри мажи
Прво место: Евгени Поп Ацев
Второ место: Александар Илиевски