Во три фази, на четиринаесет локации во градот, во текот на минатиот и овој месец беа поставени исто толку велосипедски станици (држачи за велосипеди).

Во рамки на Европската недела на мобилност 2020, ЈКП „Дервен” ги изработи, а заедно со волонтери од ЗГ „Велес Бајкинг” велосипедските станици беа поставени на следните локации:

  • Пред главниот влез на Општина Велес,
  • кај фонтаната на кружниот тек „Авона“,
  • две станици се поставени спроти СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ (на тротоарот пред кефетериите),
  • на платото пред НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“,
  • на Плоштад С’рмаале (пред зградата на УЈП),
  • на плочата пред Основен Суд Велес,
  • во кругот на ССОУ „Коле Неделковски“,
  • во кругот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“,
  • во кругот на ОСУ „Јовче Тесличков“,
  • пред Локалната библиотека „Гоце Делчев“,
  • во Градскиот парк (кај справите за вежбање),
  • на горниот влез на Градскиот пазар и
  • една станица во детското игралиште во населба „Тунел“.

Зголемувањето на бројот на граѓани што ќе користат велосипеди во секојдневниот сообраќај, може да се постигне со инвестирање во изградба на соодветна инфраструктура, но и во едукација на најмладите уште од најрана возраст.

Општина Велес продолжува со заложбите за зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди.