Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари средба со Командантот на Командата за Обука и Доктрини, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев од касарната “Алексо Демниевски Бауман”.

На средбата беше потврдена поддршката од доменот на цивилно – воената соработка помеѓу Општина Велес и припадниците на велешкиот гарнизон и беше изразено задоволство дека истата ќе продолжи и во иднина.