Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша договорот за грант со Делегацијата на Европска Унија  за реализација на проектот „Паметни решенија за Велес- продолжуваме“, со кој ќе се уредува централното градско подрачје. Проектот во вкупна вредност од 46.365.699 денари или 751.470 евра е наменет за реконструкција на улицата „8 Септември“ , нови сообраќајни решенија во централното градско подрачје, поставување на атмосферска канализација во овој дел од градот и воведување на т.н. паметни решенија за одвивање на сообраќајот и јавниот превоз како и мерки за поттикнување на пешачењето и возењето велосипед. Со реализација, проектот ќе стартува на 15 јануари 2022 година.