Во рамките на завршната конференција на проектот  “Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на оддржлива урбана мобилност“ кој се реализира помешу ЗЕЛС и Германската агенција за мешународна соработка, градоначалниците на повеќе општини меѓу кои и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски потпишаа  изјава/меморандум со која се истакнува поддршката во идното планирање на мерки за урбана мобилност во секоја од општините.

Општина Велес е првата општина во државата која има усвоено План за одржлива урбана мобилност кој е усогласен по европските стандарди за изготвување на оваков тип на документи. На конференцијата беа презентирани и досегашните постигања на Општина Велес во оваа област како и активностите од Европската недела за мобилност кои течат оваа недела  а се во рамките на проектот „Подготвени за движење“ за кој општината доби грант од Германската агенција за меѓународна соработка.