Во просториите на Општина Велес денеска се одржа средба на градоначалниот на Општина Велес, Аце Коцевски со претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

На средбата градоначлникот Коцевски ја запозна новата директорка на УНИЦЕФ со богатата историја и култура на градот, но и со значајните дејци кои потекнуваат од Велес. Разговорот продолжи со потенцирање на досегашната успешна соработка помеѓу двете институции, а акцент беше ставен и на идните планови во сите области каде може да се соработува.

Градоначалникот Коцевски ги претстави капацитетите на локалната самоуправа, досегашните искуства и учества на општината во домашни и меѓународни проекти, а исто така се нагласија и заедничките заложби за креирање на можности со кои градот ќе овозможи квалитетни и погодни услови за подобрување на квалитетот на животот на децата, но и на сите жители на Велес. Претставникот на УНИЦЕФ ја искористи денешната посета на Општина Велес и за директна средба со претставници на ООУ „Васил Главинов”, ОЈУДГ „Димче Мирчев” и на Центарот за социјална работа во Велес.