На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски информираше за заклучоците донесени на осмата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која исто така се одржа денес, во просториите на општината.

Имајќи ги в предвид искуствата од минатиот викенд, Коцевски извести дека се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски час кој претстои и дека со наредба на Државниот кризен штаб на располагање се ставени припадниците на Армијата кои после завршувањето на полицискиот час ќе помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите. Сето ова ќе се регулира со донесување на Оперативн план, кој предвидува асистенција и на претставниците на СВР – Велес, АРМ, ТППЕ – Велес и на ЈКП Дервен, со цел заштита на здравјето на жителите на Општина Велес