Германската Влада, преку сојузното Министерство за развој и соработка ( BMZ), обезбедува фонд за намалување на здравствени и економски последици од кризата со COVID-19 преку develoPPP.de програмата. Приватни компании може да аплицираат на develoPPP.de програмата со цел намалување на импактот од корона кризата на македонската економија.

Во прилог основни податоци поврзани со Covid-19 развојното партнерство со бизнис секторот или develoPPP.de проекти:

Кој може да аплицира?

Програмата е отворена за германски или европски компании, како и компании од земји во развој или со пазар во развој, коишто:

  • Имаат годишен обрт од најмалку 400.000 евра

Промоција на основната дејност поврзано со кризата: Промоција на основната дејност на компанијата е можно ако тоа придонесува на докажан начин за намалување на здравствените и економски последици од корона кризата (напр. производители на заштитна облека и релевантна медициснска опрема).

Зголемена стапка на BMZ (GIZ) финансирање до 100%: Финансискиот удел може да биде зголемен до 100% од проектните трошоци ако проектот придонесува за намалување на здравствени и економски последици од корона кризата, вклучувајќи зачувување на работни места (напр. оператори на лабараториска дијагоностика).

Приспособливост (скалирање) на здравствени проекти: Тековните проекти во здравствениот сектор со релеватност за одговор на кризата се испитуваат за нивната приспособливост. За целите на горенаведениот став, уделот на финансирање на BMZ може да изнесува до100%.

Брзо одобрување за проекти поврзани со кризата: Проекти со директна важност за намалување на здравствените и економски последици од кризата со корона може да бидат доставени надвор од редовните процеси за проектни идеи во „ брза постапка“, пропишани од BMZ.

Грант: до 200.000 EUR (Договор за имплементација).

Процес: Прво се поднесува иницијална Проектна идеја, се добива зелено светло од ГИЗ, потоа се развива целосна апликација до 30.06.2020г.  Повикот е отворен до 30 септември, 2020г., и апликациите може да се испратат во било кој момент во овој период.

Можни области: мерки за зајакнување на здравствениот сектор, но и мерки во земјоделство или преработувачкa индустрија; во смисла на пр. мерки за зачувување на работни места, реорганизација и / или воведување на хигиена и здравствени стандарди во компаниите, промена / конверзија на производни линии или процедури итн.

Во прилог e Апликацијата за развој на проектна идеа, наменета за компаниите.

Повеќе детали може да се најдат на следниот линк: https://www.developpp.de/en/covid19/