Продолжуваат обуките на територијалната противпожарна единица за евакуација  и гасење на пожар. Деновиве се одржа показна вежба во ООУ „Панко Брашнаров“ , а во изминатата недела теоретски и практични вежби  се одржаа во основните и средните училишта во градот и населените места. Во вежбите учествуваа вработените и учениците на училиштата.

Показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење со ПП апарат ќе се одржат уште  во средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ како и во модуларната болница при Општа болница Велес.