Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев” беа промовирани книгите за деца „Мостови на убавината” од проф. Д-р Кристина Николовска и „Клуч во клучалката на детството” од проф. Д-р Весна Мојсова Чепишевска.
Промоцијата на овие најнови книги пред велешката публика, дела на едни од најеминентните проучувачи на литературата за деца на македонската книжевна сцена е по повод 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, патронот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“.
Пред присутните љубители на пишаниот збор, претставниците од Општина Велес, на јавните институции, учениците од основните и средни училишта од Велес и други, поздравен говор имаше Игор Крајчев, директор на библиотеката, додека промотивни говори за книгите имаа самите авторки на делата.