Поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, просторијата наменета за земање на брисови на можни заболени од Ковид-19, од старата зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, времено ќе биде преместена во објектот на поранешниот хотел „Вила Зора” (Пензионерски Дом), каде продолжуваат активностите за земање на брисови од страна на Центарот за јавно здравје – Велес, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.