Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција информираше за состојбата и предизвиците со кои општината се соочува во врска со паркинг просторот.

На улицата „11 Октомври” (на просторот пред „Кам” маркет и „Симпо” во Нова населба) кадешто и до сега можеа да се паркираат возила предвидено е улично паркирање за околу 90 возила. Општина Велес на овие улици ja отстрани постоечката  и постави нова соодветна вертикална сигнализација и сообраќајна опрема, како и ја обележа хоризонталната, рече Коцевски.

Додека пак на улиците „Др. Христо Татарчев” и „Никола Карев” (во близина на ООУ „Васил Главинов”) со новиот еднонасочен режим на одвивање на сообраќајот е предвидено улично паркирање за околу 30тина возила и вонулично паркирање за околу 20тина возила (пред училиштето).

На просторот помеѓу „Мало мовче” и мостот „Гемиџии” во тек е изградба на привремен паркинг, кој ќе обезбеди дополнителни 55 нови паркинг места, на површина од 1500 м2.. Изведувач на градежните зафати е фирмата „Изгрев Инженеринг”, а од општинскиот буџет се издвоени околу 350.000,00 денари.

Парцелата на која се наоѓа зградата на Диспанзерот ќе биде адаптирана за привремен паркинг простор, при што Велес ќе добие нов простор за паркирање за околу 70 паркинг места, на површина од 1850 м2 .