При првата официјална посета на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Општина Велес, заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски направија увид на градежните работи на свлечиштето „Цуцка”.

Министерот Бочварски ја потценцираше важноста во инвестирањето и реализацијата на капиталните проекти, важни за Општина Велес, но и за другите региони.

„Денес сум во прва официјлана посета на Општина Велес на увид во неколку инфраструктурни проекти што ги реализираме преку Министерството за транспорт и врски”, рече Бочварски. „Се наоѓаме на регионалниот пат Велес – Градско, каде се врши санација на свлечиштето  кое досега претставуваше опасност за жителите и возачите на овој патен правец, како и за железничката линија од коридорот 10”, додаде тој.

„Ова е финалната фаза на градежните работи кои во наредните десетина дена ќе бидат завршени и комплетно ќе заврши санацијата на свлечиштето, пред истекот на рокот за изведба. Вредноста на инвестицијата е околу 62.000.000, 00 денари”, истакна пред медиумите Градоначалникот. Имаме одлична соработка со министерството за транспорт и врски, а на денешната средба разговаравме за многу важни теми за општината, темите за урбана мобилност, како и за проектите кои овозможуваат подобар и поквалитетен живот на сите жители на Општина Велес, додаде Коцевски.

Министерот Бочварски и градоначалникот Коцевски на правија увид и во текот на градежните работи на водоводната линија на потегот Раштани – Бузалково, со кој околу 1 500 жители на овие две населени места добиваат квалитетна и безбедна вода за користење. Вредоноста на инвестицијата изнесува 30.090.909, 00 денари (без вклучен ДДВ), додека пак рокот за изведба е осум календарски месеци.