Со исклучок на една, сите парцели во Индустриската зона „Мамутчево“ се продадени, соопшти денеска на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.  Голем број од инвеститорите изразиле интерес што побрзо да ги завршат постапките. Се очекува во најкраток можен рок да добијат одобренија за градење и  да ги изградат објектите со што ќе се отворат стотици нови работни места во индустриската зона „Мамутчево“, рече Коцевски.